Вести Свет

Нови пукотници и експлозии во Картум – примирје на стаклени нозе во Судан

Тридневно примирје на „стаклени нозе“ во Судан. Престрелки и експлозии се слушаат и денеска меѓу ривалските страни во главниот град Картум, и покрај прогласениот прекин на огнот за време на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.

Билансот на жртви во борбите кои почнаа минатата недела е троцифрен. Според Светската здравствена организација за само седум дена загинале над 400 лица, повредени се над три илјади и петстотини, додека илјадници ја напуштија престолнината. Меѓу нив и девет убиени и 50-тина повредени деца.

Суданската војска објави дека дипломатските мисии на САД, Велика Британија, Кина и Франција ќе бидат евакуирани од Картум со воени авиони.

Африканската унија, водечките арапски земји и Соединетите Американски Држави повикаа на прекин на непријателствата и продолжување на преговорите за трансфер на власта од војската на цивилна влада.

Војската соопшти дека ќе нема преговори додека не се расформира паравоената група Сили за брза поддршка и предавање на нејзиниот водач Мохамед Хамдан Дагло.

Светските медиуми и разни аналитички центри нагласуваат дека е во блиски релации со Русија и Обединетите Арапски Емирати кои би можеле да бидат вклучени во бизнисот со ископ на злато во Судан.

Тој, исто така, се споменува како главен поддржувач на Москва за лоцирање на руска поморска база во земјата која е најновата светска кризна точка.

Судански и регионални извори за „Си-Ен-Ен“ рекоа дека руската платеничка група Вагнер ги снабдува Силите за брза поддршка со проектили, како помош во борбите против националната армија. Тие ги поткрепија своите изјави со сателитски снимки од границата со Либија кои покажуваат необичен пораст на активностите во базите на Вагнер.

Истрагата на амертиканскиот медиум од јули минатата година откри продлабочување на врските меѓу Москва и военото раководство на Судан кој и овозможи пристап на Русија до златните богатства на источноафриканската земја во замена за политилка и воена поддршка. Силите за брза поддршка демантираат дека примиле помош од Русија и Либија, а и шефот на руската група Вагнер, Евгениј Пригожин негира вмешаност во конфликтот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе