Вести Свет

ЕУ повика на воздржаност пред утрешните вонредни избори во четири општини на северот на Косово

Европската унија (ЕУ) оцени дека одржување на мирни избори на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на Унијата, Петер Стано, пред утрешните вонредни избори во четири општини на северот на Косово.

Изборите се одржуваат, откако градоначалниците на српската листа во Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан, лани во неоември поднесоа оставки во знак на протест по одлуката на косовската влада за замена на српските, со косовски регистарски таблички.

Изборите ги бојкотира најголемиот политички субјејт на косовските срби, српска листа со објаснување дека изборите се недемократски. Српска листа повика на бојкот на утрешните избори, што според нив, ќе биде јасна порака за Приштина и за меѓународната заедница.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи уверува дека косовските институции прават сè за овие избори да бидат слободни и фер. Таа рече дека безбедноста на граѓаните е загарантирана и ги повика да гласаат на локалните избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација, поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи целосна окупација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе