Вести Македонија Топ вести

Синот на спикерот Џафери, сопругата на обвинителот Абази, ќерките на обвинителките Јосифоска и Смаќоска, снаата на Цветанка Иванова – сите станаа нови лица во правосудството

Академијата за судии и јавни обвинители ја објави кончената ранг листа на каднидати кои го положиле завршниот испит. Меѓу 57-те положени кандидати, рангиран на 42-то место е Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, со што, тој ги исполнува условите да конкурира за јавен обвинител. Токму поради неговиот прием на Академијата за судии и јавни обвинители Антикорупциска ја обелодени аферата поврзана со правосудниот на Џафери, но и дека откриле уште 450 уверенија со несоодветен степен на образование.

Меѓу останатите кандидати кои го положиле завршниот испит на Академијата има и втора семејна генерација на три обвинителки, ќерката на обвинителката во државното обвинителство Лилјана Спасовска, ќерката на Гордана Смаќоска од Обвинителството за организиран криминал, како и синот на поранешната заменичка на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифоска.

На конечната ранг листа на положени кандидати е и снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, како и сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Во оваа седма генерација дипломци на Академијата е и сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, и поради која тој се повлече од Управниот одбор на Академијата каде беше предложен од Советот на јавни обвинители.

Меѓу положените е и синот на судијата во Апелација, Енвер Беџети, кој со месеци го чуваше во фиока предметот „Таргет Тврдина“, пред да биде поништена пресудата за Мијалков и останатите обвинети за масовно прислушување.

Конечната ранг листа ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители и до Судскито совет кои ги избираат судиите и јавните обвинители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе