Вести Македонија

Куќите во Зелениково и во велешко засега се безбедни од излевање на Вардар и од поплави

Зелениково и велешко засега се безбедни од поплави, но опасноста не е мината. Излевањето на Вардар е стопирано и нема опасност за куќите, иако во Зелениково сè уште има излеана вода на земјоделско земјиште околу 15 до 20 метри надвор од коритото на реката.

Синоќа се закануваше излевање и кон куќите, по што веднаш е побарана помош од ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа побара од подружниците на ЕЛЕМ и ЕСМ, од браните да се испушта што помалку вода, а производството на електрична енергија да биде контролирано. Исклучена беше хидроелектраната „Св. Петка“, а во ХЕЦ „Козјак“ е оставен да работи само еден агрегат, со цел да се намали нивото на реката Вардар. Оваа состојба ќе продолжи и денеска, поради опасноста од нови врнежи.

Од ЦУК апелираат и доколку граѓаните забележат опасност од излевање, да пријават кај нив или на бројот за итни случаи 112.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

Дејан Дејан

„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг од изборите мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе