Вести Македонија Најважни

Гир: Првиот круг од изборите мина во, генерално, мирна и демократска атмосфера

Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека и вториот дел од кампањата и изборите ќе поминат во демократска и мирна атмосфера, како што ОБСЕ/ОДИХР го оцени првиот круг. За најавите за бојкот во вториот криг на претседалеските избори, евроамбасадорот рече дека нема да коментира. Гир не сакаше да коментира информациите во јавноста за наводно сценарио за бојкот во вториот круг.

„Најважно е што мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од првиот круг на изборите и тие нведоа дека изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера. И навистина многу се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, исто така и во кампањата за парламентарните избори дека сите ќе се надоврзат на овој позитивен моментум со цел да се заврши процесот преку позитивни пораки во кампањата. Во врска со второто прашање и  било кое друго политичко прашање поврзано со изборите, се надевам дека разбирате дека нема да коментирам во оваа фаза. Она што е важно е дека е во рацете на граѓаните да ја одлучат иднината на државата“, порача евроамбасадорот Дејвид Гир.

Мирен изборен ден, позитивна оценка за гласачкиот процес, негативна реторика и етнички поделби во финалниот дел од кампањата, Ова беа дел од оценките и заклучоците на набљудувачката мисија ОДИХР во прелиминарниот извештај за првиот круг од претседателските избори.

Измените на изборниот законик направени по распишување на изборите и во забрзана постапка придонесуваат за поткопување на правната сигурност, сметаат од мисијата. Иако овие законски промени вклучија некои од претходните препораки на ОДИХР и технички предлози од ДИК, тие во голема мера не ги зедоа предвид препораките дадени од меѓуагенциската работна група во ноември 2023 година, стои во прелиминарниот извештај.

Заклучуваат и дека парите од државниот колач за рекламирање се нерамномерно распределени кај кандидатите, но и дека отсуствува контролен механизам, особено кај онлајн медиумите. Истакнуваат и сомнежи дека дел од порталите биле создадени со единствена цел да добиваат државни средства за време на изборните кампањи и, во некои случаи, да ги канализираат овие средства кон политичките партии.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе