Вести Македонија

За одземање на акредитацијата на Факултетот за бизнис економија ќе се знае кон крајот на јануари

Иако приватниот Факултет  за бизнис економија не работи од октомври лани, зашто по налог на основачот, в.д. директорката ги отпушти професорите, Агенцијата за квалитет во високото образование сеуште не констатирала дека високообразовната установа не ги исполнува условите за работа и дека и се одзема акредитацијата. Ваков одговор од министерот за образование Шаќири добивме пред еден месец, но и денеска.

До сега не е доставен одговор од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование и очекувам оваа недела да доставам дополнителен допис, дали веќе ги имаат тие информации, вели министерот шаќири.

А, од Агенцијата велат дека извештајот од Просветен инспекторат по вонредниот надзор го добиле на крајот на октомври .

Извештајот е испратен до Агенцијата за квалитет во високото образование. Потоа таа го испрати до Одборот за акредитација, а тој го проследи до Одборот за евалуација. Се очекува на седницата во последната недела од јануари Одборот за акредитација да се произнесе по одговорот на Одборот за евалуација, рече директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Агим Рушити.

Одземањето на акредитацијата на факултетот ќе отвори простор студентите да бидат преместени на други универзитети, а не сами да се снаоѓаат. Во меѓувреме, факултетот без професори, противзаконски отвори оглас за прием на нов наставен кадар, а МОН не го поништи огласот, велат отпуштените професори. Според нив, без Наставнички совет, била формирана комисија составена од професори од Свети Николе, од битолскиот државен и од Штуловиот универзитет кои ги потпишале рецензиите на двата примени професори, но решенијата за работа останале непотпишани зашто минатиот месец почина в.д. директорката на факултетот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе