Вести Македонија

Одземен имот на сметка на улица – за ова обвинуваат локалци од Маџари, а од Општината тврдат дека сѐ е по документи

Со звукот на машините утрово се разбудија жители на Маџари. Триесетина овошни дрвца откорнати од земја, урната гаража и израмнет простор. Ќе се прави улица во овој дел од населбата, каде што некогаш имало само земјен пат. Локалци тврдат дека локалната власт тоа го прави бесправно и без да ги обесштети корисниците на земјиштето, за што покажуваат и документи.

Кога дојдоа овде, градоначалникот гледаше каде да се пробие патот. Тогаш им ги изнесовме документите и тие нѝ рекоа дека документите не се како што треба. Си бараме обесштетување и имаме документи со коишто можеме да им докажеме, вели Мирјана Петрушевска, жител на Маџари.

Од Општина Гази Баба се децидни дека тоа што се прави, се прави со одобрение за градба. Истото го снимивме, а службите за урбанизам појаснуваат дека парцелата се одзема од владение на Петрушевски, за потребите на јавниот интерес. Тој се обратил и до Суд за да ѝ се забрани на општината да презема активности додека не ги заврши катастарските процедури за приватизација на земјиштето коишто го користеле тој и неговото семејство со години, но судот го одбил барањето.

На ден 23.09.2022 година е издадено одобрение за градење на линиски инфраструктурен објект на ул. Јордан Пиперката. На целата постапка и претходеше и предлог до основниот граѓански суд Скопје од лицето С.П за обезбедување на непарично побарување со привремена мерка, кој предлог на ден 22.11.2022 година со Решение од судот беше одбиен, вели градоначалникот на гази баба бобан стефковски.

Изградба на улицата за овој дел од градот е предвидено во Деталниот урбанистички план, а градежните работи се отпочнати на барање на повеќе семејства кои имале куќи, но немале пристапен пат до нив.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе