Вести Македонија Топ вести

Арсовска најави кривичен прогон на Цементарница, но, за истиот прекршок, инспекторатот веќе пишал казна

Град Скопје покренува кривичен прогон на УСЈЕ со тврдење дека цементарницата загадува со испуштање на азотни оксиди двојно од дозволената граница. Кривичниот прогон по три дела за кои е предвидена и казна до 10 години затвор, го објави лично градоначалничката Данела Арсовска која изминатите денови не одговараше на новинарски прашања поради боледување, но за денеска организираше вонредна прес конферекција.

При последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честици со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух. Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен, рече арсовска.

Кривичната пријава е поднесена по вчерашниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина кој во два наврати го мерел загадувањето на скопската цементарница. Извештаите беа објавени јавно, а единствена аномалија според инспекторатот била најдена кај котелот за загревање на работните простории во Усје каде што наместо на гас поради скапата цена користел мазут.

Поради утврден прекршок од III категорија согласно член 212-ж став (1) точка 3 од Законот за животната средина започната е постапка за спогодување за која правниот субјект треба да се изјасни во законски предвидениот рок и доколку се согласи постапката ќе ја води Комисијата за спогодување при МЖСПП, во спротивно ќе се води судска постапка. За сторениот прекршок Глобата за големи трговци изнесува 180.000-200.000 евра во денарска противвредност, соопштија од државниот инспекторат за животна средина.

Од УСЈЕ пак ги отфрлаат ставовите на Арсовска дека цементарницата загадува, туку дека со мерењата се докажало дека фабриката нема никаква врска со квалитетот на воздухт во Скопје.

Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот, соопштија од усје.

Веќе изречената глоба за прекршок значи дека за загадувањето од котелот веќе се преземени правни мерки со што кривичната пријава која ја најавува Арсовска е во опасност да не биде процесуирана. Но градоначалничката не се изјасни за правните толкувања туку тврдеше дека нема да дозволи профит на сметка на здравјето на граѓаните. На обраќањето Арсовска не соопшти дали планира да закаже вонредна седница на градскиот совет на тема загадување. Тоа го предложи скопската опозиција од СДСМ, а претседавачот Славески рече дека нема доволно потписи и градоначалничката може да закаже. Арсовска не одговори и се врати на боледување.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе