Вести Македонија

Загадениот воздух остава трајни последици врз здравјето

Дишењето на загадениот воздух е тивок убиец на здравјето алармираат докторите. Не треба да се чека на дождот и ветрот за да се намали загадувањето, велат медицинските лица, затоа што и кога ќе задува ветрот воздухот е сè уште токсичен и мора да се внимава, а превенцијата и препораките да се носат маски и да се седи дома кога е загадено не го дале очекуваниот резултат и ние како систем сме потфрлиле. Тоа најдобро се гледа што болниците никако да се испразнат од болните пациенти. Луѓето не се свесни за долготрајни последици врз здравјето вели доктор Димовска од Институтот за јавно здравје.

„Познато е дека овие ПМ 2,5 честички го реметат нервниот автономен систем па така главните ефекти се на крвните садови и на сите ткива и органи. Се јавува стеснување на крвните садови заради што се покачува крвниот притисок и се пореметува срцевиот ритам што на крај може да доведе и до срцева слабост и смрт како најнесакан исход“, вели доцент докторка, Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). 

Надлежните сè уште се натегаат за вонредната седница во градот. Од СДСM ја поднесоа иницијативата, која ја очекуваат за утре.

„Одбивањето на оваа иницијатива од страна на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија мисли само на тендери и провизии. Затоа денес го повикуваме повторно претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски да ја прифати иницијативата и да закаже седница на која ќе се дискутира за енормното загадување што веќе со недели му се случува на овој град“, изјави Рената Јајоска од СДСМ.

За претседавачот Славески, барањето на советниците од опозицијата не било комплетно , а ќе го чека и зборот на Арсовска.

И во регионот не се дише здрав воздух зимава. Докторите и тука се неуморни во објаснувањето да се почитуваат препораките за штетите од загадениот воздух.

„Чувството на болка во градите при секој здив, печење во очите, ненадејно иритирачко кивање и кашлање, но и задушување и смрт, се последиците од загадениот воздух, преку кој бројни токсични, канцерогени материи стигнуваат до нашите бели дробови, а потоа во крвотокот и во сите ткива и органи и мутагени честички“, истакна докторка Весна Слепчевиќ, координаторка за квалитет на здравствената заштита на Градскиот институт за јавно здравје во Белград.

Од министерството за здравство апелираат за заштита граѓаните да носат маски, да ги затвораат прозорците и да ги следат препораките на матичните лекари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе