Вести Македонија Топ вести

Габриел Ескобар во понеделник во Скопје – ќе ја донесе ли со себе и листата со санкции за корумпирани сегашни и поранешни функционери?

Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во понеделник доаѓа во Скопје во посета на Македонија.

Дали со себе ќе ја донесе и листата на санкции за сегашните и поранешни корумпирани функционери и членови на правосудството.

Неодамна, на настан посветен на евро-атлантската иднина на регионот, кој се одржа во атлантскиот совет во Вашингтон, Ескобар потсети дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните офијални лица на Балканот, со цел тие да се тргнат од одговорните функции.

Според него, тоа е важна и ефективна алатка, додавајќи дека ако се погледне дел од наративот што што министерството за финансии на САД го користи, јасно ќе се види длабочината на корупцијата.

Посетата на Ескобар, се случува во моментот кога во македонската јавност зачестија коментарите на американската амбасадорка во државата, Анџела Агелер, која критички говори за проблемот со високата корупција во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе