Вести Македонија

На Агелер, која зборува македонски јазик, ова ќе и биде втор мандат како американски дипломат во Македонија

Ангела Агелер положи официјална заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија на свечена церемонија во Стејт Департментот во Вашингтон.

Агелер која е дипломат од кариера, во земјава треба да пристигне за околу еден месец, а последната дипломатска мисија пред Македонија и била на позицијата заменик амбасадор во Пакистан.

На Агелер, која зборува македонски јазик, ова ќе и биде втор мандат како американски дипломат во Македонија. Пред десетина година таа во амбасадата на САД во земјава ја извршуваше позицијата офицер за односи со јавност.

Агелер на дипломатски мисии била и во американските амбасади во Париз, Њу Делхи, Ханој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе