Вести Македонија

Училиштата од Југоистокот немаат обезбедено огревно дрво за престојната зима

Неизвесно е како ќе ја поминат зимската сезона училиштата во Југоистокот. Голем дел од училиштата што се греат на дрва, особено во помалите населени места, немаат набавено огрев, а не е мал бројот и на оние што не ги подмириле сметките за минатата грејна сезона. Со долгови, но и со нови цени на огревното дрво, нафтата и гасот, се јавува голем предизвик за реализирањето на наставата оваа зима. Градоначалникот на општина Струмица вели дека одлуката за тоа како ќе се одвива наставата ќе треба да ја донесе Министерството за образование.

Дека ситуацијата не е лесна се согласува и градоначалникот на Ново Село, Божинов. Но, тој апелира да се направат други рестрикции и штедења а образовниот процес да не трпи, затоа што ќе се одрази и на менталното здравје на децата, и  на квалитетот на образованието што ќе го добијат.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, предложи годинава да има хибриден начин на настава, со тоа што учениците ќе одат на училиште до почетокот на грејната сезона, а зимските месеци училиштата да работат онлајн.

Министерот за образование, пак,  вчера потенцираше дека останува на ставот за настава со физичко присуство, затоа што образованието е приоритет како што е и здравството.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе