Вести Македонија

Бездомните кучиња и натаму горлив проблем во Тетово

Улиците на Тетово се дом на околу 500 бездомни кучиња. Поединечно, а и во глутници, внесуваат страв кај жителите, а чести се и нападите.

За справување со проблемот локалната самоуправа преку тендер го ангажираше Здружението Амос шелтер, кои со издвоените средства треба да згрижи 82 кучиња во период од една година.

Тие започнаа во јули, кога беа заловени 20-тина кучиња. Но, пред камерите на медиумите Кемал Незири од Здружението за заштита на животни „Хепи шелтер“ изрази сомнеж за нивен нехуман третман, поради што поднел претставки до надлежни институции за да се истражи случајот.

Од Здружението Амос шелтер во писмен одговор ги отфлаат сите обвинувања. Објаснуваат дека пушката се користи при заловување на кучиња од големи чопори и таа се користи од ветеринар, кој поседува дозвола. Велат дека не можат да споделат информации од згрижувачите, затоа што тие се физички лица.

Кучињата се згрижуваат од наши волонтери/фостери или и во некои случаи од пансиони зависи од кучето и неговата состојба. Ние имаме фостери во Тетово, Скопје, Куманово и Гостивар. Ние со овој проект воведуваме нова програма за справување со проблемот на бездомни кучиња во нашата териотирија односно, кучињата што ги фаќаме не се враќаат на улица туку се става микрочип на наше име и остануваат со нас се додека не најдеме соодветен дом. Затоа што тие (фостерите / згрижувачите) се физички лица немаме од нив одобрение за споделување на приватни информации како што се имиња, локации, итн, велат од Здружението „Амос шелтер“.

Од Здружението додаваат дека финалниот извештај со посебен документ за секое куче поединечно и детални информации за нивното третирање ќе биде испратен до Општина Тетово.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе