Вести Македонија

Го прекрстија во Бугар Осамени- информатички напади на Википедиа против министерот за надворешни работи

Голема активност на англиската страна на Wikipedia за министерот за надворешни работи Бујар Османи, каде во текот на попладнево, засега непознат администратор ја менуваше содржината на страницата со навредливи референци за министерот.

Едно време, на страницата покрај сликата наместо името стоеше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар османов).

Само во текот на 40-тина минути, имало 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик, што е соодветно на вкупниот број на промени на содржината од Нова година до денес.

Симптоматично е и што повеќе ФБ профили објавија фотографии од промената на податоците за Османи во истиот период.

Администраторите многу бргу реагираа (не е познато дали се исти или други) за да ги отстранат навредливите содржини на најпознатата интернет енциклопедија и да ги вратат оригиналните.

Во моментот, повторно е вратена оригиналната содржина и навредите се избришани.

За разлика од англиската верзија на профилот на Османи кој има голема содржина, македонскиот профил на Wikipedia има само неколку податоци за образованието и лекарската кариера и се уште го води како „политичар и поранешен министер за здарвство“, иако во хронологијата на функциите сепак е наведено дека е министер за надворешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе