Вести Македонија

Големо благодарам од Архиепископот Стефан до Вселенскиот Патријарх Вартомомеј

Делегацијата на Охридската Архиепископија, предводена од Архиепископот г. Стефан, попладнево пристигна во Цариград и беше пречекана на аеродромот Истанбул од страна на Високопреосвештениот Митрополит Кидониски г. Атинагора, Високопреподобниот Архимандрит г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и Великиот Свештенопроповедник г. Панарет.

Делегацијата набрзо се упати кон древниот и свет Патријаршиски и Ставропигијален Манастир “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.

На Вечерната богослужба присуствуваше и Архиепископот на Крит, г. Евлогиј, како и голем број архиереи, монаси,  дипломати и други гости. Празничната богослужба ја отслужи Великиот Протосингел на Вселенската Патријаршија г. Теодор Меимарис.

На крајот од богослужбата, Патријархот г. Вартоломеј на Архиепископот г. Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и Синодален Акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.

Архиепископот Стефан во своето обраќање кон Вселенскиот Патријарх, меѓу другото рече:

“Дојдовме при Вас, веруваме во исполнето време, време во кое Вие го слушнавте крикот на нашето срце и го почувствувате копнежот на нашите души! Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена. Затоа, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам! Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона „Достојно ест“, оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник, мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме, еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет, и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов.

Веднаш потоа, Блаженејшиот Архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на блаженоупокоениот Патријарх Димитриј, за покојните Цариградски пастири погребани на истите гробишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе