Uncategorized

Потпишан указот на законот за попис

Законот за попис само што не влегол во правниот поредок. Со ставањето потпис, претседателот Стево Пендаровски ја заокружи процедурата на потпишување укази, па останува само објавувањето во Службен весник.

Шефот на државата потврди дека имал консултации со правни експерти. Сега очекува „процесот да не се политизира, а добиените резултати да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање долгорочни стратегии во виталните области во државата“.

ВМРО ДПМНЕ го пречека ова соопштение со остри пораки – за претседателот, кого го смета за вазал на премиерот, како и за самиот попис, што го нарекува „политичка операција со извесен резултат“.

-Пендаровски  никако да испадне од сенката на Заев. Пред еден месец, тој бараше консензус околу Законот за попис, а сега „се посипа со пепел“. Знае дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата, не прифати ниту еден амандман, не сака да воведе терминали за отисок на прст и нема време да се спроведе овој попис. Гледа ли Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа оваа операција? Дали му е грижа за здравјето на граѓаните? Покрај Заев, и тој ќе понесе одговорност за пропаѓањето на пописот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пописот е премногу важен за развојот на државата за да се прекине поради политичките хирови на Мицкоски, велат од СДСМ. Потсетуваат дека кога ќе имаме реална слика од теренот, ќе може да се креираат мерки и политики според вистинските потреби на народот.

По 19 години, пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април. Преку матичен број, ќе се попишуваат државјаните кои имаат живеалиште или престојувалиште во земјава, без оглед дали во моментот се тука или во странство, како и нивните домаќинства и станови.

Недавањето информации повлекува парична казна од 200 до 300 евра. ВМРО ДПМНЕ не повика на бојкот, но најави непризнавање на резултатите и собирање потписи за поништување на законот за попис.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе