Свет Топ вести

Кластерот на Трамп се шири, покрај негови соработници инфицирани и тројца новинари

Течат критичните два дена на американскиот претседател Трамп во борба со корона вирусот. На фотографиите кои ги испрати Белата куќе се гледа како тој работи во различни соби во апартманот во воената волница. Вели дека добро му оди, но следните неколку дена ќе биде „вистински тест“. На твитер објави видео пред втората ноќ во болница, каде се лечи од Ковид – 19.

Дојдов тука не ми беше добро. Сега се чувствувам многу подобро. Работиме непорно да се вратам од почеток. Морам да се вратам бидејќи се уште мораме Америка да ја направиме горда. Направивме навистина добра работа, но се уште треба да чекориме напред и мораме да ја завршиме таа работа. И ќе се вратам. Мислем дека наскоро ќе се вратам – Доналд Трамп, претседател на САД.

Лекарскиот тим кој се грижи за здравствената состојба на претседателот информира дека доколку вечерва добро напредува утре би можел да се врати во Белата куќа.

Нашиот план за денеска да јаде и да пие. Да станува што е можно почесто од кревет, да биде подвижен. А ако продолжи да напредува и да се чувствува како денеска, се надевам дека можеме да планираме да го отпуштиме веќе утре и во Белата куќа може да продолжи со третманот на лечење – Брајан Гарибалди, „Џон Хопкинс“ болница.

Мноштво луѓе околу претседателот кои се тестирани на корона вирусот се позитивни од неговата сопруга до дел од гостите кои минатиот викенд присуствуваа на приемот во Белата куќа по повод номинацијата на Ејми Кони Барет за судија во Врховен. За време на церемонијата на отворено, имало десетици гости, и ретко кој носел маски,а новинарите биле поставени на тесен простор зад публиката еден покрај друг.

Тројца новинари кои известуваат од Белата куќа инфицирани со коронавирус, еден е новинар на весникот Њујорк тајмс.

Според американските медиуми позитивен е тестот и на Николас Луна близок личен асистент на претседателот.

Откако претседателот твитна рано во петокот дека е позитивен на Ковид – 19 почна се поправа неговиот рејтонг во предизборната кампања. Тој има повторно соочување со противкандидатот од редовите на демократите Џо Бајден на 3 ноември. Бајден рече дека нема да го напаѓа Трамп додека е болен, но го истакна својот тврд став околку носењето маски.

Еве што ќе направам како претседател. Број еден: ќе го повикам секој еден Американец да носи маска кога е во близина на други луѓе надвор од својот дом. Тука спаѓа и возење со јавен превоз, автобуси, возови, авиони. Вчера, одделот за сообраќај, глупо соред мене, ја одби петицијата со која се бара токму тоа. Носете маска кога сте во јавен превоз. Ако може сега нешто да казам, не се работи за слобода, туку за патриотизам – Џо Бајден, претседателски кандидат.

Во центарот на Тел Авив во Израел поставен е голем билборд со Доналд и Меланија со порака Господ да ве благослови, а на плажа во Индија осамна песочна скултура за брзо оздравување.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе