Свет Топ вести

Трамп пренесен во болница, надлежностите не му ги пренесе на Пенс

Со покачена температура и треска американскиот претседател Трамп е пренесен во болница. Пред заминување видно блед и со бавен од, но во добро расположение успеа да сними и краток видео запис во кој ветува дека работите ќе тргнат на подобро. Сепак одлучи тој да ги извршува претседателските обврски од болница, наместо, како што наложуваат протоколите, да му ги предаде на потепретседателот Мајк Пенс.

„Уморен, но со добра волја“, ова е дијагнозата за здравствената состојба на американскиот претседател Донлд Трамп, која ја даде неговиот личен лекар Шон Конли. Но вели, од претпазливост поради треска и покачена температура, тој со хеликоптер беше пренесен во воената болница „Волтер Рид“ во Бетазди, Мериленд. Таму ќе остане неколку дена.

Личниот лекар на Трамп информираше дека го третирал претседателот со осум грама доза на експерименталниот коктел со антитела на Ремдесивир. Трамп исто така добил цинк, витамин Д, аспирин, мелатонин и лек против жиговина, за кој се смета дека помага во борбата против Ковид-19.

На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот со кој беше пренесен во болница. Се потруди да сними и кратко видео во кое им се заблагодарува на сите за поддршката.

Сакам да им се заблаговарам на сите за поддршката. Одам во болницата „Волтер Рид“. Мислам дека добро ми оди. Но ќе се погрижам работите да успеат. Првата дама е многу добро. Затоа многу ви се заблагодарувам. Го ценам тоа. Нема никогаш да го заборавам. Благодарам, рече Трамп.

Сепак и покрај протоколите пред заминувањето во болница Трамп не му ги пренесе надлежностите на потепретседателот Мајк Пенс. Од Белата куќа велат дека ќе ги извршува своите должности од специјалниот апартман во воената болница. За континуитет на влада во случај и потпретседателот да не може да ги извршува надлежностите, тогаш тие преминуваат на претседателот на Претставничкиот дом, или во случајов демократката Ненси Пелоси. Од нејзиниот кабинет информираат дека по направеното тестирање таа е негативна на коронавирусот. Од денеска во карантин е и Бил Степиен, главниот менаџер на кампањата на Трамп.

За точно еден месец, Трамп на претседастелски избори ќе се соочи со Џо Бајден. Демократскиот кандидат за претседател на САД, изрази сочувство до Трамп и неговата сопруга и најави дека ќе престане да емитува изборни спотови во кои се критикува неговиот одговор на пандемијата. Ставот на Бајден кон пандемијата е во спротивност со ставот на Трамп, кој честопати им се спротивставуваше на експертите за јавно здравје.

Сакам да започнам со признание, кое сигурно и сите вие го правите, да испратам молитва за здравје и сигурност на правата дама и на претседателот на САД кои се позитивни на Ковид – 19. Мојата сопруга, Џил и ја се молиме за побрзо оздравување и целосно опоравување. Ова е не политичка работа. Ова силен потсетник за сите нас дека мораме сериозно да го сфатиме овој вирус, кој нема автоматски да го снема, рече Бајден.

Соединетите Американски Држави се на прво место во светот по бројот на заразени и починати како резултат на Ковид-19. Според последните податоци, во оваа земја се потврдени околу 7,5 милиони случаи на коронавирус, додека починаа повеќе од 213.000 лица.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе