Uncategorized

Со новиот План се бришат барокните фасади и нема да се доврши „Скопје 2014“ – дел од архитектите бараат уривање

Градоначалникот на Центар тврди дека со Предлог-деталниот урбанистички план за централното градско подрачје „Мал ринг“ ќе се спречи да се комплетира проектот „Скопје 2014“.

Неизградените споменици од проектот никогаш нема да никнат онаму каде што се предвидени и наместо нив ќе има зеленило. Згради со намена А2 за домување, впишани во претходниот план сега ќе се пренаменат и ќе бидат дадени на државни институции што се занимаваат со култура.

Вчера, пак, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија побараа градоначалникот Богдановиќ да го повлече Предлог–детaлниот урбанистички план за „Мал ринг“ за кој денес се одржа јавна презентација.

Сметаа дека јавна презентација не смее да има се додека спорните објекти не бидат целосно исфрлени.

„Планот којшто го работиме односно којшто денес го презентираме не го правиме за да протуркаме нешто или како што се кажуваше да легализираме, туку напротив, баш одредени работи коишто ги правиме со цел дел по дел да отстрануваме од тој проект „Скопје 2014“. Само да напоменам, овој план е менуван три или четирипати во една година ако не се лажам“ изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

Дел од архитектите присутни на јавната презентација побараа од Општина Центар да дејствува порадикално и да урне некои од објектите.

Во овој Предлог-ДУП се стопира и се брише незапочнатото, а се отстрануваат и насоките од претходниот План, за тоа фасадите да бидат во стил барок и другите карактеристични стилови.

„Мора некои работи да се урнат за да се реши радикално проблемот затоа што друго решение нема. Овде имате брут-процент на изграденост 73,4“ изјави Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, архитект.

За градби од проектот „Скопје 2014“ во моментов има 29 постапки во обвинителството.  Богдановиќ уверува дека ќе интервенира во деловите од планот за катната гаража кај Собрание, „Шпанските скали“, споменикот „Мајка Тереза“. Но, сето тоа откако ќе завршат процесите.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе