Македонија Топ вести

На крајот на август ќе се знае дали ќе има настава во училиштата – нема услови за отворање на градинките

Дали ќе заѕвони училишното ѕвонче на 1 септември или ќе се учи на монитор пред комјутер – за сега никој не знае. Тоа ќе се знае дури на крајопт на август. А нема абер ниту за отворање на градинките иако заврши скринингот на вработените таму. Од Министерството за образование тврдат дека до 10 август ќе ги информираат и наставниците и родителите дали и како ќе започне школската година. Но, од Комисијата за заразни болести се децидни дека, иако имаат подготвено протоколи, сепак дали ќе ги „отклучат“ училиштата ќе пресечат на крајот на август. А, додека не се смири епидемиолошката слика нема отворање ниту на градинките.

Сега за сега не гледаме можност за отворање на градинките и училиштата. Значи доколку министерството за образование и наука планира, а врз основ на епидемиолошката слика ние ќе им одговориме на крајот на август дали на 1 септември ќе има настава во редовен начин –изјави Караџовски. Меѓутоа ако ме прашата денеска да е 10 август, а не е десетти август за 15 дена е 10 август дали на денешен ден може да има настава во основни средни  и градинки не може.– изјави Караџовски

Караџовски смета дека не може да се дозволи во моментов групирањето на децата во групи од повеќе од 15-20. Додека не се смири епидемиолошката слика нема услови за отворање ниту на улиштата ниту на градинките.

Заменичката пак во ресорот образование вели дека ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство. Затоа нејзин став е наставата во училиштата да се реализира таму каде што е возможно, односно онаму каде што има мал број деца и мал број заразени со вирусот. А таму каде условите не дозволуваат таа да биде скратена, и комбинирана дел со редовни часови, дел со он – лајн настава.

„Нема потреба за паники, наставниците користат колективен годишен одмор министерствоот за образование работи веќе на изготвување на стратегии за настава во новата учебна година, протоколи за заштита и безбедност на учениците при таа настава платформа за учење. Се надевам дека до првата половина на август сите училишта и јавноста ќе имаат информации точни како ќе отпочне новата учебна година„ – вели Наумовска.

Од ресорот образование пак одговорија дека во моментов работна група разгледува повеќе опции како настава со скратена наставна програма, скратена учебна година, редуцуиран број на ученици, работа во смени како и настава преку далечинско учење.

Од Министерството за труд велат се е поготвено, но одлука за почнување со работа на градинките носи Владата. Од таму ги смируваат родителите кои во моментов користат породилно отсуство. Тоа се продолжува до оној момент додека владата не ги укине времените мерки за заштита од Ковид 19. Инаку училиштата и градинките се затворени од 10 март.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе