Вести Македонија

Приватните специјализанти незадоволни од владината одлука продолжуваат со штрајкот

Приватните специјализанти, незадоволни од вчерашната одлука од владината седница, денеска го продолжија штрајкот што го почнаа пред два дена. Велат дека ниту едно од нивните барање не е решено и само се употребени истите лажни ветувања кои ги имаат слушнато веќе неколкупати.

Владата вчера ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со барањата на специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата и се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата и согласно Законот, донесе одлука со која се предвидува веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Приватните специјализанти и денеска ги повторија нивните барања за покачување на надоместокот кој во моментов изнесува 26 илјади денари и бараат тој да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа.

Исто така, бараат здравствено осигурување и решавање на нивниот статус кој во моментов, како што рекоа, е невработени лица без здравствено и пензиско осигурување со договор на дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе