Вести Свет

Штрајк на медиумските работници во Грција

Во пет часот утрово, новинарите во Грција во сите медиуми, организирани од нивните здруженија и федерации започнаа 24-часовен штрајк, со што учествуваат во утрешниот штрајк на Синдикатот на вработените во приватниот сектор, а Грција денеска ќе биде без вести и информативни емисии.

Штрајкот се однесува на сите новинари, техничари и административни службеници во сите медиуми (печатени, радио, телевизија и онлајн) во јавниот и приватниот сектор, како и во државната телевизија ЕРТ, државната агенција АНА-МПА, во Генералниот секретаријат за медиуми, во прес канцелариите, како и на сајтовите.

Од федерациите, меѓу другото, бараат: колективни договори и во јавниот и во приватниот сектор, мерки за справување со поскапувањата што ги намалуваат платите; суштински и ефективни мерки за справување со невработеноста; национални и европски мерки за поддршка на заштитата на приходите и работните места во приватниот сектор; веродостојни информации и плурализам.

-Изразуваме протест поради континуираниот и постојано зголемен притисок врз новинарството и новинарите, а на крајот и врз веродостојното и слободно информирање, што е камен-темелник на демократското функционирање, соопштија од федерациите.

Во изминатите години пракса во Грција е, при генерални штрајкови, новинарите да учествуваат, но ден претходно со цел да можат да ги покријат протестите на денот на штрајковите, па така и овој пат го закажаа за денеска.

Синдикатот на вработените во приватниот сектор за утре закажа 24-часовен штрајк

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе