Вести Свет

(Видео) Корнеше дрвја, урна далекуводи, остави 255.000 луѓе без струја – торнадо погоди пет сојузни држави во САД

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека сојузните држави Џорџија, Илиноис, Тенеси, Охајо и Кентаки биле погодени од торнадо, пренесува „Њујорк тајмс“.

Претходно, во Оклахома беше регистриран смртен случај како последица на невремето. Метеоролозите најавија можност за неколку торнада, проследени со силни ветрови кои би можеле да достигнат ниво на ураган.

Околу 255.000 луѓе останаа без струја од кои најголем дел во западна Вирџинија. Торнадото урна повеќе стебла и далекуводи во Конјерс во Џорџија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе