Вести Македонија Топ вести

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Лекарите специјализанти кои денеска протестираат пред Министерството за здравство побараа итна средба со министерот за здравство со цел решавање на нивните барања. Во моментот, во тек е состанок со претставници на Министерството.

Специјализантите бараат регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.

Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина – Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Од протестот беше побарано покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечната плата за тековната година која изнесува 39 800 денари, повторно воведување на бесплатното здравствено осигурување за сите приватни специјализанти и навремена исплата на дежурствата со секоја тековна плата.

Здравственото осигурување за време на Ковид-19 пандемијата, како што посочи Георгиева, било воведено од тогашниот министер Венко Филипче, но пред околу година и пол било укинато без образложение од МЗ.

Кога станува збор за моменталната плата од 26.000 денари на еден приватен специјализант, ако бидеме објективни и ја одземеме ратата што месечно се плаќа во Деканатот на Медицинскиот факултет, на тој специјализант му остануваат околу 12.000 денари за да може да функционира и да преживее, посочи Георгиева.

Георгиева рече дека приватни специјализанти не постојат во најголем дел од западноевропските земји и дека приватната специјализација е автохтон феномен само за Балканот и моментално ги има само во Албанија и Косово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе