Вести Македонија Топ вести

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

„Резултатот е 0:0, сè уште немаме победник или поразен“, порача Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2 на денешните средби со жителите на Општина Бутел.

„Нашата битка за европска Македонија не е завршена. Нашата држава е мала земја, но влогот на 8-ми мај е голем“, рече Битиќи.

Тој порача дека патот по кој ВМРО-ДПМНЕ сака да ја води државата е опасен и води кон изолација, кон унгарско сценарио, кон национализми кои разделуваат.

„СДСМ одбива да се движи кон овој правец. Ние имаме програма и визија за  европска држава во која владеат дијалогот, инклузивноста, меѓусебното другарство и социјалната правда“, рече Битиќи.

Тој ги потсети граѓаните на 27 април пред седум години, кога се случи упадот во Собранието и обидот за рушење на уставниот поредок по покровителство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата која ја добивме по крвавиот 27 април пред седум години, не е луксуз, тоа е можност која ни даде сила да се движиме напред, да стане полноправни членки на НАТО, да ги отвориме портите на Европската Унија. Сега не смееме да дозволиме на 8 мај таа да биде украдена, однесена од виорот на национализмот и поделбите. Мораме да продолжиме да го чуваме овој скапоцен подарок кој го добивме во борбата против режимот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој е темелот врз кој се гради праведно и правично општество“, порача Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

50 милиони финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе