Вести Македонија Топ вести

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Куќата не се одржува со кредити, ние со работа си обезбедуваме леб, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешните средби со граѓани во Општина Кичево, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори.

„Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април. Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме. Овој фронт е долгорочен, не е за една употреба. Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива, бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пидобар стандард надвор од земјата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети во Кичево.

Кандидатот за пратеник Муса Џафери, пред присутните изјави дека на овие избори победник ќе биде Европскиот фронт, а во петтата изборна единица ќе има над 30.000 гласови.

Градоначалникот на општина Кичево и шеф на изборниот штаб, Фатмир Дехари, оцени дека Европскиот фронт е многу доброприфатена опција не само во Кичево, туку и во целата држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе