Вести Македонија Најважни

Министерството за финансии најмногу ја (зло)употребувало скратената постапка?!

Минатата година се поднесени 166 предлози на закони од кои 130 биле по скратена постапка. 35 закони се поднесени со европско знаменце, а и од нив  22 биле по скратена постапка. Најчест подносител на закони со европско знаменце и по скратена постапка е министерството за финансии. Второ е Министерството за информатичко општество, а трето министерството за транспорт и врски.  Со повеќето закони, не е дадена анализа на причините поради кои се бара усогласување со европското законодавство.

„Во однос на законите од пакетот Бехтел и Енка, Академија за судии и јавни обвинители и КЗ во ниту еден случај овие закони не смееле да бидат процесуирани со европско знаменце затоа што не ги исполнуваат формалните критериуми. А ова понатаму повлекува дека истите закони не биле разгледувани на соодветни матични комсии коишто се многу постручни за да ја ценат материјата којашто овие закони ја регулираат. И секако ваквите закони и на овој начин имаат импликација врз правниот поредок и врз буџетот на државата“ изјави д-р Бојана Наумовска, ИСППИ.

Од институтот за социолошки и политичко правни истражувања потсетуваат дека, согласно деловникот, претседателот на Собранието е тој кој ја прегледува документацијата, ги прифаќа и проследува законите со европско знаменце.Оттаму, велат дека и допуштањето на ваквите злоупотреби значи и откажување од контролната функција што треба да ја има врз владата.

Ги анализираа и досегашните извештаи на Европската комисија, кои со секоја година се се` поостри.

„Извештајот од 2023 година којшто, според мене, е многу страшен. Значи тоа е директен шамар на се она што претставува законска процедура во собранието и употреба на европското знаменце“, изјави проф. Мирјана Најчевска од ИСППИ.

Анализата на неколку држави во Европа покажува дека, скратената постапка не е невоообичаена, но се врши под точно определени услови. Генерално, усогласувањето со европското законодавство оди по редовна постапка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе