Вести Македонија

„Кецови“ за интернет и техничка опременост во студентските домови, силни „тројки“ за мебел, мензите и читалните

Државниот завод за ревизија објави и анкета со студентите сместени во студентските домови. Во анкетата учествувале 286 студенти кои живеат во домовите или нешто над 8 процентите од студентската популација сместена во домовите.

Студентите кои учествувале во анкетата најлоша оценка дале на опременоста на домовите со техничка опрема која им е потребна за учење или за забава (компјутери, ТВ,копири и принтери). На скалата од 1 до 5 во оваа категорија, студентите им дале на домовите оценка од 1,67.

„Кец“ од студентите добива и квалитетот на интернетот во студентските домови, односно за стабилноста, брзината и јачината на сигналот на интернет врската, студентите дале 1,81. Оценките во двете категории сепак спаѓаат во оценки со ознака „доволен“.

Најдобри оценки, блиски до „многу добар“ добил мебелот во студентските домови иако ДЗР во извештајот констатира дека нема комплет за секој студент во сите соби (комплетот е посебно столче, маса, гардеробер и простор за секој студент во соба). Студентите, во оваа категорија дале оценка 3,33.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Солидна „тројка“ односно 3,07, студентите дале и на менза, читална/библиотека и дворовите во студентските домови односно таканаречени заеднички простории. Студентските соби исто така добиле оценка „добар“ односно 2,98. Иста оценка која влегува во категоријата „добар“ добиле и безбедноста на објектите и студентите (2,80), исхраната (2,64), греење и ладење на собите (2,58) и услови и атмосфера за учење (2,53).

„Доволен“ или оценка со која се минува едвај, се за следните категории: културно-забавни активности (2,46),  хигиена во која спаѓа и достапност на топла вода (2,41) и спортско-рекреативни услови (2,12) како и двете најслаби категории за интернетот и технички услови. Во продолжение резулатите од анкетата.

Колку сте задоволни од следните услови во студентскиот дом во кој престојувате?

Категорија                                                   Просечна оценка

-Исхрана (квалитет, разновидност, количина)                2.64

-Хигиена (санитарии, чистота, достапност

на топла вода)                                                                           2.41

-Мебел (физичка состојба, функционалност)                  3.33

-Соби за домување (квадратура, опременост,

други физички услови)                                                           2.98

-Техничка опрема (принтер, фотокопир,

компјутер, ТВ)                                                                            1.67

-Интернет (стабилност, брзина, јачина на сигнал)         1.81

-Услови/атмосфера за учење (звучна изолација,

почитување на куќен ред, соодветен простор)                2.53

-Заеднички простории (менза, читална/библиотека,

дворна површина)                                                                    3.07

-Спортско-рекреативни услови (реквизити и

простор за спорт и рекреација)                                             2.12

-Културно-забавни активности во студентскиот дом    2.46  

-Загревање и ладење на просторот                                     2.58

-Безбедност на објектот и студентите                                 2.80

Во истражувањето студентите преку отворени прашања ги посочиле и клучни проблеми со кои се соочуваат за време на престојот во студентскиот дом. Најчесто се издвојуваат: лоша хигиена во тоалетите, лимитирано користење на топла вода и греење, неквалитетна, количински недоволна и еднолична исхрана, прозорци што не затвараат, влага, слаба звучна изолација, оддалеченост од студентскиот кампус, непочитување на куќниот ред, небезбедност, обраснато со трева и малите соби во однос на бројот на сместени студенти.

Испитаните студенти дале и предлози за подобрување на состојбите и надминување на проблемите : постојан пристап до топла вода и греење, разновидна, количински побогата и поквалитетна храна, подобар интернет, подобра хигиена и одржување, особено на тоалетите, санкции за непочитување на куќниот ред, воведување на обезбедување во домовите и ограничен влез за надворешни лица, целосно реновирање на домовите или изградба на сосема нови објекти, помалите соби да бидат наменети за помалку од 4 лица, простории за спортско-рекреативни активности и забава/дружење како и читални.

Марија Митевска

Низа недоследности од страна на МОН утврди Државниот ревизор во извештајот за условите во студентските домови и за студентскиот стандард

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе