Вести Свет Топ вести

Годишно обраќање на рускиот претседател Путин

Војната во Украина и стабилизацијата на економијата се меѓу главните теми на годинашниот говор на претседателот на Русија Владимир Путин за состојбата на нацијата. „Заедно ќе надминеме сѐ, поради националното единство, Русија успеа да се справи и со пандемијата со короната и со глобалниот тероризам“ – порача челникот на Кремљ на почетокот на своето обраќање.

„Секое обраќање пред федералното собрание, пред сѐ, претставува поглед кон иднината. Денеска не зборуваме само за нашите сегашни планови, туку и за стратегиските задачи, за прашањата чиишто решенија ги сметам за исклучително важни за стабилен, долгорочен развој на земјата“, изјави Путин.

71-годишниот лидер го обвини Западот за континуиран обид да ја уништи Русија чијшто народ, како што вели, целосно ја поддржувал воената операција во Украина. Според него, Москва не ја почнала војната во регионот Донбас во 2014 година, но ќе презел се што е потребно за да ја заврши и да го искорени, како што вели, „нацизмот“. На своите опоненти им се закани – Треба да сфатите дека и ние имаме оружје што може да погоди цел на ваша територија.

„Наместо Русија, ним им требаат зависни, опустошени простори каде што може да се каже што било. Во суштина, тие би сакале да ѝ го направат на Русија истото што им го направија на многу други региони во светот, вклучувајќи ја и Украина, односно да ни донесат раздор во нашиот дом и да нѐ ослабнат однатре. Но направија погрешна проценка“, нагласи Путин.

Во однос на економијата, Путин изрази надеж за т.н. „нови точки за контакт“ со арапските, латиноамериканските и африканските земји. Од почетокот на војната, Русија се соочи со серија санкции од Европа, Обединетото Кралство и од Соединетите Американски Држави.

Традиционалниот говор, 19-ти по ред, за последен пат беше одржат лани на 2023 февруари кога челникот на Кремљ најави дека се повлекува од договорот за нуклеарно разоружување познат како „Нов СТАРТ“. Настанот е пропишан и со Уставот во Русија и со него се претставуваат годишните пораки за состојбата на нацијата и насоката на политиките. Говорот беше откажан во првата година од руската инвазија во Украина.

Маја Стојаноска – Филдишев

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Приведени 58 луѓе во Турција – подготвувале провокации за 1. Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе