Вести Свет Топ вести

Украинската армија се повлече од уште две села кај Авдеевка

Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на Авдеевка, град на истокот на Украина кој од неодамна е под контрола на руските сили.

Висок украински командант изјави дека се зајакнати новите одбранбени позиции западно од Авдеевка, чие заземање е најголемата победа на Русија на бојното поле во последните девет месеци, пренесе агенцијата БТА.

Портпаролот на украинската војска Дмитро Лихови изјави дека украинските сили се повлекле од селата Северне и Степове, откако еден ден претходно го напуштија и селото Ласточкине.

„Нашите сили се повлекоа од малите села Северне и Степи. Тешките борби за Северне продолжија вчера вечерта и во текот на ноќта“, рече Лихови, додавајќи дека Русија претрпе значителни загуби во борбите. Според него, армијата се повлекува на позиции кои се на ниво на останатиот дел од линијата на источниот фронт и се попогодни за одбрана.

Пред инвазијата, во Северне и во Степи живееле вкупно помалку од 100 луѓе.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека го зазело Северне две години и три дена по почетокот на „специјалната воена операција“.

Изјавите на двете страни во врска со ситуацијата на фронтот не можат независно да бидат проверени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе