Вести Македонија

Маричиќ: возачките дозволи се исклучок за дома за да го намалиме притисокот, промена на Законот за патни исправи нема да има

Возачката дозвола да може да се користи надвор од државата и тоа заедно со меѓународна возачка дозвола. Македонија со осум земји од кои три се членки на ЕУ, Германија, Италија и Шпанија има билатерални договори со кои што македонските возачки дозволи се признаени. Уште девет земји членски на ЕУ ја признаваат нашата возачка дозвола но, за граѓаните кои имаат дозвола за престој. Рокот е продолжен со измените на законот

  • Измените што ги направивме се исклучиво за домашна употреба за да го намалиме притисокот за да има доволно време за сите да ги променат, рече Маричиќ и истакна дека измените се од практични причини за да се стигне до крајот на оваа година да се комплетира и тоа.

Документите за внатрешна употреба кои може да се користат и надвор од државата, значи според направените измени, старите возачки може да се користат. 450.000 граѓани имаат возачки дозволи кои ќе останат без патни исправи и повторно ќе останат дома.

  • Немаме писмени гаранции од државите, вели Маричиќ, возачките дозволи се исклучок за дома. Новите законски промени во Законот за патни исправи ги сметам за политички егзибиционизам, бидејќи граѓаните може да се најдат во заблуда.

Тој истакна дека на секоја средба со било кој грчки претставник се поставувало ова прашање и дека должност на Владата е да не ги манипулираме граѓаните.

  • Не сакаме да ги ставиме граѓаните во неприлики и заблуди затоа што немаме писмени гаранции од ниту една држава, освен од Швајцарија, дека нашиот пасош е стар. Со Преспанскиот договор кој е има јасни рокови за патните исправи и уште од првиот ден од ратификацијата, до тука сме дојдени со 1.300.000 издадени пасоши до јуни ќе биде решен 90%, до септември 100%, истакна Маричиќ во вечерашната Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе