Вести Македонија Топ вести

Отворено небо за прелети или пак штрајк – контролорите на летање со свои барања до менаџментот на М-НАВ

Минатата недела најавија отпор, а денес остануваат цврсто на ставот. Синдикалците од Контрола на летање не отстапуваат од планот да штрајкуваат на 25 декември и на Нова година. Имаат еден услов – повлекување на огласите за вработување, кои според нив се косат со договорт на вработените и менаџментот на М-НАВ.

Синдикалците и директорот постигнаа договор пред два месеци. Главно барање на синдикатот беше огласите за вработување да не траат само три дена како досега, за да ги видат само наместени партиски кадри, туку минимум 10 дена, за да може да се пријават и непартиски кандидати со соодветно образование. И министерот за транспорт вети дека ќе се погрижи да биде испочитуван договорот помеѓу двете страни.

  • „Тоа што беше договорено и поради коешто минатиот пат го ставивме штрајкот во мирување, тие повторно го прекршија. Излегоа огласи за вработување на лица за коишто беше договорено дека нема да се вработуваат бидејќи немаме потреба од таков кадар. Не ги почитуваат роковите коишто беа договорени од минимум десет работни дена за да им се даде шанса на што поголем број од државата да го видат огласот, да соберат документи и да конкурираат“ – Александар Тасевски – Претседател на синдикатот на Контрола на летање М-НАВ.

На веб-страницата на Агенцијата за вработување беа објавени огласи од М-НАВ, кои траат два дена – од 14 до 16 и од 15 до 17 декември. Во нив се бара самостоен советник за кадровски прашања и воздухопловен навигатор. Синдикатот на М-НАВ нотира дека еден од огласите е со траење од три дена, од кои два се сабота и недела. Синдикалците тврдат дека луѓето коишто М-НАВ сака да ги вработи се кадар од несуштински дејности и дека станува збор за партиски луѓе, а дел од нив и роднински поврзани.  Директорот на Контрола на летање во краток телефонски разговор за Телма вели дека нема прекршувања на законот и дека со одлука на Влада се вработуваат нови луѓе. Дополнително, најави средба со синдикатот.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе