Вести Свет

(Видео) Паризер, мајонез и два литра јогурт – Вучиќ со министри правеше сендвичи за појадок што одеше „во живо“

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги испрати министрите Томислав Момировиќ и Синиша Мали во продавница по намирници за појадок од оние кои од денеска се продаваат по намалени цени во Србија во рамки на акцијата „Подобра цена“. Момировиќ и Мали купија половина килограм „паризер“, два литра јогурт, два леба и мајонез и направија сендвичи во кабинетот на Вучиќ, а оброкот одеше во живо на социјалните мрежи.

„Како што ветивме на оние кои бараа, Момировиќ и Мали отидоа во продавница. Купија половина килограм паризер од домашно производство, купија два литра јогурт, два леба и мајонез за вкупна цена од 585 динари“, вели Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател порача дека наредната недела ќе има поевтинување на уште 10 важни производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе