Вести Свет

Партијата на Вулин во парламентот предлага пристапување на Србија во БРИКС, Драшковиќ: Тоа е глупост што не треба да се разгледува

Партијата на владејачката коалиција Движење на социјалистите, чиј основач е шефот на српската БИА Александар Вулин, вчера до Собранието поднесе предлог-резолуција со која се бара промена на надворешната политика на Србија со идеја државата да се приклучи кон групата БРИКС, меѓународна организација основана од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Тие бараат од Владата на Србија во рок од 30 дена од евентуалното усвојување на Резолуцијата да побараат од БРИКС позиција на држава набљудувач, како и да формираат Министерство за приклучување кон БРИКС и да донесе посебна стратегија за тоа.

Резолуцијата би го задолжила претседателот на Собранието да распише референдум за ова прашање, додека во образложението за усвојувањето се наведува дека Србија би ја задржала воената неутралност, но и дека не предвидуваат прекин на активностите на т.н. Евроинтеграциите, иако е повеќе од јасно дека овој пат е очигледно ќорсокак, имајќи предвид дека пред околу три месеци, поточно на 21 јуни, одбележавме 20 години од познатиот самит на Европската Унија и Западен Балкан. во Солун“.

Претседателот на Српското движење за обнова (СПО) и поранешен шеф на дипломатијата Вук Драшковиќ денеска изјави дека предлог резолуцијата на Движењето на социјалистите на  за пристапување на Србија во БРИКС е глупост што не треба ни да се разгледува, јави дописникот на МИА од Белград

-Таа резолуција е глупост што не треба ни да се разгледува. Од основањето до денес, СПО е за Србија во Европа и Европа во Србија. Тоа е единствениот разумен пат, изјави Драшковиќ за агенцијата Бета.

Тој нагласи дека подносителот на резолуцијата е „фанатичен“ претставник на политиката на  Милошевиќ,  „а денес е најлојалниот човек во Србија на режимот во Кремљ. ”

-Со поднесувањето на оваа луда резолуција, тој ја користи трагичната вистина дека денес за огромното мнозинство Срби во Србија, Република Српска и Црна Гора, земјите од НАТО алијансата и Европската унија, целиот „колективен Запад“ се непријатели на Српскиот народ, а пријатели и заштитници на Србите се Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија, Венецуела, африканските диктатури под команда на Вагнер, рече Драшковиќ.

Тој додаде дека предлогот на шефот на Безбедносно информативната агенција, Александар Вулин, е последица на долгогодишната „хипнотизација“ на Србите.

-Официјално Србија е „на пат кон членство во ЕУ“. На пат, без патување. ЕУ и Западот се користат како банкомат за инвестиции и донации, а се води пропагандна војна против ЕУ и Западот, уште пожестока и попримитивна од агресорската хунта во Кремљ, оцени Драшковиќ.

Резолуцијата на Движењето на социјалистите ја поддржа и членот на Главниот одбор на Српската напредна партија, Братислав Југовиќ, како и новата комунистичка партија на Југославија, која ја повика Владата на Србија да донесе одлука за поднесување кандидатура за членство во БРИКС.

Паралелно со предлогот на Вулин, српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, најави дека властите на српскиот ентитет наскоро ќе покренат иницијатива за приклучување кон групата големи земји во развој БРИКС, која е отворена за нови членки. „Европската унија има алтернатива. Со оглед на тоа што од Брисел секогаш доаѓаат нови и нејасни услови за прием во ЕУ, сметам дека Босна и Херцеговина треба да поднесе апликација за членство во БРИКС“, објави Додик на профилот на платформата Х. Додик најави дека претставниците на институциите од Република Српска ќе испратат предлог до властите во БиХ за разгледување на ваква иницијатива во наредните денови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе