Вести Македонија

Почнува 14-то издание на МакеДокс

Со филмот „ Танцувајќи ја Пина“ на германскиот режисер Флоријан Хејсен Сиоб  ќе биде отворено годинашното 14 издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во рамките на 8- те фестивалски денови на четири локации за проектирање: Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во Сули ан ќе бидат прикажани 75 документарни филмови кои биле на најреномираните и најпрестижните фестивали во Европа и во светот. Мастеркласовите посветени на процесот на монтажа ќе ги одржат српската режисерка Мила Турајлиќ и хрватскиот монтажер Владимир Гојун. Мастеркласот на Турајлиќ ќе биде поврзан со диптихот документарни филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ (личниот снимател на Јосип Броз Тито)., кои ќе бидат прикажани во главната програма.

Годинава земја во фокусот е Данска. Според Вељановска во фокус е поставена монтажата на документарниот филм и повеќеслојноста во документарната филмска приказна.

Во рамки на DOC AROUND EUROPE мрежата која беше формирана пред две години, каде еден од основачите е и „МакеДокс“ започнува новиот проект Doc Generation.

Проект кој ќе трае во следниве две години чија цел е да промовира нови автори на овие пет фестивали . Моментално во Скопје ќе бидат присутни пет студенти кои со своите филмови ќе бидат дел од нашата натпреварувачка програма како и дел од кратката програма и програмата од млади автори кои спаѓааат во оваа мрежа

Фестивалот ќе се затвори со полскиот документарен филм „Вика!“ во режија на Агнешка Звиевка, филм за најстарата диџејка во Полска. На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи. Во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе