Вести Македонија Топ вести

Агелер разочарана од тоа како институциите реагирале на ставањето на американската црна листа на лица од Македонија

Корупцијата продолжува да биде еден, ако не е најголем предизвик со кој се соочува оваа земја. Беше и кога бев тука порано. Искрено, има системски проблем уште од независноста пред 31 година. Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција, истакна амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

„Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана.  Тоа е производ на одлуки на поединци, на граѓани и официјални и лица. Искрено се надевам на вистинска промена“, потенцира Агелер.

„Одлуките на САД јасно покажуваат дека можеме и ќе превземеме сите можни мерки за да се побара одговорност од сите оние одговорни за криминал и корупција, рече Агелер и додаде дека според американските закони, институциите во САД мораат да превземат мерки кога ќе им бидат презентирани докази за  корупција или криминални активности на конкретни личности, но потоа Владата, општините и другите надлежни институции во Северна Македонија решаваат дали ќе превземат некакви активности околу тоа или не.

Но, јас се надевам дека ќе има последици за ваквите  активности бидејќи граѓаните на оваа држава заслужуваат подобро, одговори амбасадорката на САД на прашањето, додавајќи дека е разочарана од тоа како домашните институции реагирале на ставањето на црната листа на лица од Македонија.

Амбасадорката вели дека граѓаните заслужуваат подобри институции. Кажа дека Македонија ќе има многу бенефити од членството во ЕУ.

Додаде дека евроинтегративниот процес ги адресира токму овие прашања и оти тоа ќе биде од огромна помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе