Вести Македонија Топ вести

За филолозите спорен и учебникот по Македонски јазик за шесто одделение

Учебникот по македонски јазик за шесто одделение треба да се корегира , сметаат филолозите. Според нив недозволиво е да се учи мајчиниот јазик, а да не се познава неговата историја и тоа какошто велат во време  кога македонскиот јазик се негира од соседна Бугарија.

Но се е помал бројот на студентите на катедрата за македонски јазик на Филолошките факултети во земјава. Ниските плати во основното и средно обраозвание ги демотивира младите да се запишат на Филолошките факултети. На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ од прва до четврта година на катедрата за македонски јазик се запишани од 20 до 25 студенти.

Општините аларамираат и дека во основните и средни училишта недостасуваат наставници по македонски јазик, па се случува овие места да се пополнат со наставници кои завршиле Факултет за образовни науки или Педагошки факултет.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе