Вести Македонија Топ вести

Гласно ДА од СДСМ и категорично НЕ од ВМРО-ДПМНЕ – партиските ставови за уставните измени се јасни и конечни

Датум и место за средбата нема, ставовите се веќе познати, резултатот извесен, но партиските тимови упорно калкулираат со тоа што јавноста ќе го дознае откако Ковачевски и Мицкоски ќе испијат заедно кафе. Но, и новите  формули и калкулации водат кон ист резултат и веќе познати обвинувања.Еве што друго, според нив, ќе стане појасно по средбата.

Политичките соперници јавно веќе си упатија  однапред подготвени пораки на темите за кои треба да разговараат – уставните измени и добрососедските односи.

Ковачевски кажа дека тоа се разговори за одлуки што треба да се донесат со цел остварување на стратешка цел на државата и повика на одговорност од политичките партии и пратениците во Собранието.

Мицкоски, пак,  неколкупати повтори дека, на лидерската средба нема да разговара за уставните измени, туку за тоа што ќе се случува по нивниот неуспех. Во таков случај бара да се оди на есенски избори, но премиерот синоќа повтори дека, изборите во државата се дефинираат согласно закон и Устав.

Редовниот термин за претседателските избори е во втората половина на март,а парламентарните избори треба да се одржат во втората половина на јуни следната година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе