Вести Македонија Топ вести

Скопје пред банкрот, објави сдк.мк, Данела Арсовска и Градот демантираат

Град Скопје е со блокирана сметка, објави веб медиумот сдк.мк кој повикувајќи се на свои извори, тврди дека градот е пред банкрот и на сметката има околу 200.000 евра за тековни расхови.

Од Град Скопје, пак, демантираат дека сметката им е блокирана, но признаваат дека има неплатени долгови кои датираат од времето на ексградоначаникот Коце Трајановски.

„Во случајот се работи за долг кој го направил Коце Трајановски, а потоа не успеал да го плати ниту Петре Шилегов“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска нема детали за што конкретно станува збор и колкав е долгот, но преку соопштение таа ја префрла вината на нејзините претходници. Според сознанија на Телма, станува збор за судски процес за отштета кој по долга судска постапка е завршен во корист на тужителот и градот Скопје не може да го подмири поради слабо конто на сметката.

„Блокирањето на сметката е извршено преку банка, по барање на извршител, а не преку Управата за јавни рабноти (УКП). Градската сметка е дополнително осиромашена по исплатата на долгот кон приватните превозници“, рече денеска Арсовска на брифингот со новинари.

Данок на имот на мускули – од четворица скопјани, тројца не пријавиле

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе