Вести Македонија Топ вести

Данок на имот на мускули – од четворица скопјани, тројца не пријавиле

Само 25% од жителите на Скопје пријавиле данок на имот. За останатите градот побарал податоци од катастар за да може на неплаќачите да им ги достави даночните решенија. Првично биле одбиени, па се премислиле, па одлучиле да ги достават, но без лични податоци. Ова го тврдеше градоначалничката Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите. Во градската каса, слаб прилив на пари и од фирми. Градежна компанија изградила, а не пријавила дури 750 станови. Арсовска не ја откри фирмата. Спомена име, но пред новинарите кажа дека не е баш сигурна дали е таа градежна компанија.

Од Агенцијата за катастар на недвижности, без конкретен одговор на обвинувањата на Арсовска. Оттаму потенцираат само дека врз основа на добиен допис доставиле одговор во врска со издавањето на податоци до ЗЕЛС.

„За редовно усогласување на состојбата на регистарот на недвижен имот кој подлежи на оданочување, а кој го водат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности врз основа на доставено барање и соодветно платен надоместок за издавање на податоци од ГКИС, согласно законските одредби, ќе ги достави податоците за недвижностите кои се запишани во катастарот на недвижности. Агенцијата за катастар на недвижности, минатата година за потребите на ЗЕЛС ги намали цените за 60%, за да се олесни наплатата на ДДВ. Агенцијата за катастар на недвижности според Законот за заштита на лични податоци не може да издава списоци во кои е содржан ЕМБС и ЕМБГ“, соопштија од Агенцијата за катастар на недвижности.

Арсовска на брифингот без многу детали и околу Универзална сала, како и јавниот градски превоз. До кога ќе бидер во хаос, градските власти без конкретни рокови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе