Вести Свет

Европската комисија спроведува постапка против ,,Мета” за дезинформации и лажни вести

Европската комисија отвори формална постапка со цел да процени дали социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм“, кои се под компанијата „Мета“, го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ, во делот на заштита на граѓаните од ширењето на дезинформации и малицизиозни вести.

Со спроведување на ваквата постапка треба да се испитаат политиките и практиките на „Мета“ за да се спречат манипулативните реклами и негативните политички содржини.

Комисијата се сомнева дека механизмите за означување „нелегални содржини“ и за заштита на корисниците не се во согласност со барањата на Законот за дигитални услуги, како и дека постојат недостатоци во пристапот на истражувачите до податоците на „Мета“.

Постапката е отворена врз основа на прелиминарна анализа на Извештајот за проценка на ризикот доставен од „Мета“ во септември 2023 година. Во пресрет на изборите во Европскиот парламент, повеќе земји членки на ЕУ, согласно Законот,  бара од „Мета“ воспоставување алатка за ефикасна јавна контрола за следење на содржините објавени на нејзините платформи.

Доколку се потврдат сите сомнежи на ЕК, тоа би претставувало прекршување на девет членови по 13 ставови од Законот за дигитални услуги. Врз основа на резултатите од постапката, ЕК ќе донесе одлука за следните чекори.

На 25 април минатата година „Фејсбук“ и „Инстаграм“, заедно со уште 17 други социјални мрежи, пребарувачи, сајтови и страници за е-трговија, беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“, бидејќи имаат повеќе од 45 милиони месечни активни корисници во ЕУ, по што до крајот на август мора да се усогласуваат со низа обврски утврдени во Законот за дигитални услуги. Дополнително, статус на „многу големи онлајн платформи“ им беше доделен на уште четири интернет страници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе