Вести Македонија

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест – или исполнети барања или генерален штрајк од јуни

Денес на предупредувачки протест, а за еден месец генерален штрајк во Фондот за здравствено осигурување. Вработените не отстапуваат од главните барања.

Бараат повисоки плати, разрешување на актуелните членови на Управниот одбор и целосно нов состав на истиот.

Ова тело коешто управува со Фондот, на претходна седница ја одложи точката за усогласување на платите со растот на минималната плата, по завршување на изборите.

Денес, претседателот на синдикатот во ФЗО упати јасна порака.

„Последната седница на УО беше во петокот и нашата точка за усогласување согласно минималната плата е одложена за после изборите. Тоа значи дека може да се случи и никогаш да не се донесе. Нашите барања се едноставни – значи усогласување согласно минималната плата, а тоа е 2392 денари од лице, ништо повеќе. Потоа, останување на сегашните плати и да се донесе нов бод од 1 јуни“, вели Бранко Аџигогов, претседател на синдикатот на ФЗО.

Вработените и синдикатот поставија рок – до 15 мај да се решат проблемите.

Во спротивно, ќе започнат со секојдневни предупредувачки протести во секој град од по еден до два часа, пред да се донесе одлука за генерален штрајк и целосна блокада на институцијата.

„Да си го загреат столчето. Видоа што се случи во февруари месец кога ФЗО штрајкуваше само два дена. Ги повикувам сите одговорни – да не дозволиме овие вработени позади нас да ги затворат вратите. Бидејќи ако ги затворат вратите, ќе патат само граѓаните. Знаете какви услуги се даваат од страна на ФЗО. Помагаме и работиме за најлошите случаи во државата“, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.

Вработените во Фондот за здравствено осигурување штрајкуваа и пред три месеци. Тогаш штрајкот беше ставен во мирување, по одлуката да не им се намалат платите на работниците.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе