Вести Свет Топ вести

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Посредниците во преговорите меѓу Израел и Хамас со оптимисти дека последниот документ со предлози кој бил составен за време на последната рунда преговори во Каиро, нуди добра основа за прекин на борбите во Газа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен отиде дотаму што го повика Хамас да ја прифати оваа „исклучително великодушна“ понуда од Израел. Според него, Хамас во моментов е единствената пречка за примирјето во Газа.

Изминативе денови имаше нов напредок во разговорите, и во моментов фокусот е врз Хамас. Имаат договор на маса и треба да го прифатат. Сметаме дека треба да се направи секаков напор за да се убеди Хамас веднаш да го прифати предлогот, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер.

Во последниот предлог, кој предвидува прогласување на 40 дневно примирје, Израел има направено повеќе отстапки, особено во делот на заложниците, каде бројот на заложници кои треба да бидат ослободени од 40 е намален на 33, во замена за стотици Палестинци од израелските затвори. Исто така, направени се одредени промени и во фразите кои се користат во предлогот, кои одат во насока на задоволување на барањето на Хамас за прекин на израелската операција во Газа пред ослободувањето на заложниците. Израел исто така ќе ја повлече својата армија од одредени делови на појасот и ќе им дозволи на Палестинците да се вратат на северниот дел од појасот.

Водството на Хамас сака некаква гаранција дека Израел нема да ја окупира Газа, и да заземе повеќе територија во Појасот Газа. Сака одредени гаранции за евакуација на дел од нивните лидери, иако Израел вети дека ќе ги убие сите одговорни за нападот на 7 октомври, рече Брајан Катулис од Институтот за блискиот исток.

Најважно од се за моменталната ситуација во Газа е што последниот предлог предвидува откажување на планираната израелска офанзива во Рафа, поради која Израел е под силен притисок од меѓународната заедница, која стравува од последиците кои таквата воена операција ќе ги има врз речиси милион цивили кои се засолнуваат во градот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе