Вести Македонија

Се зголемуваат платите на здравствените работници за 2.000, 2.500 и 3.000 денари

По речиси половина година исчекување на медицинскиот персонал дека нивните плати ќе бидат покачени, тоа денеска конечно и се случи.

Зголемените платите за здравствениот персонал од 2.000, 2.500 и 3.000 денари ќе почне со исплата од месец мај, откако денеска двата синдикати од здравството и министерството за здравство го потпиша анексот за покачување на платите, договорен на 30-ти март.

Првиот човек на Синидкатот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Предраг Серафимовски, смета дека ова покачување не е доволно затоа што инфлацијата од минатата година до сега е зголемена. Сепак тој е задоволен што успеаа да го добијат барем ова покачување.

-Значи инфлацијата си го направи своето. Меѓутоа со ова покачување ќе имаме покривање на некои основни трошоци., освен тоа вратен е и ноќниот труд и покачени се коефицентите на дежурства на интернистички гранки, вели Предраг Серафимовски, синдикат на Клинички центар.

Додека медицинските лица, во чии раце секојдневно се здравјето и животите на луѓето, добија месечно покачување од 2.000 денари, функционерите тоа покачување го добија на дневно ниво. Јавноста е заинтересирана колкави се платите на функционерите по зголемувањето од 78% на нивните плати, но засега нема одговор, ни тие самите не знаат колкава плата земаат.

-Навистина не ги знам бројките. Слаб сум со математика. Дознав дека покачувањето е 78% и не сум среќен за ова. Претходната плата ми беше околу 75.000 денари, а сега заедно со стажот е негде околу 124.000 денари, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Со денешното потпишување на покачувањето на платите заврши белиот штрајк на медицинските лица, кои претходно во неколку наврати протестираа поради ниските плати и нивното доцнење.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе