Вести Македонија Топ вести

Објекти наместо плодови – сè повеќе обработливи земјоделски површини во Полошко се пренаменуваат во градежни

Мемет Синани од тетовско Камењане вели дека во неговото село едвај една четвртина од некогашниот број на земјоделци ги обработуваат нивите. И тој сега сади само пченка и пченица, од грав се откажал зашто нема работници за берба. Состојбата е иста секаде во полошко. Никој од младите не сака да работи земјоделие.

„Полог е особено терен каде што живееме ние. Можам да речам дека 60 отсто од младите заминаа. Мислам дека јас, може и некој малку помлад од мене, ќе бидеме последна генерација која се занимава со земјоделие. Ќе почнат да сеат пет килограми компир, за да имаат 100 килограми за себе, 200 корења пиперка, 50 корења патлиџан“, вели Мемет Синани, земјоделец.

Според Синани, во новиот модел на субвенции условите се потешки, треба и фискализација. Истакнува дека за земјоделците најважно е да имаат осигуран пласман и рентабилна цена.

„На пазар нема фискални каси. Државата прво требаше да ги среди своите работи, да има откупни центри за производи. Еве за компирот нема, за гравот нема, за пченката нема. Значи освен за пченицата, за грозјето и за тутунот, за друго нема откупен центар никаде. И тутунот оди со договор. Секогаш се залагаат, било кој министер да биде на власт, вели да имаме договорно производство, да договорно – со кого да правам договор? Ајде за пченицата ќе правам договор, за тутунот и за лозарство и другото?“, нагласува Синани.

Производителот има своја мака и свои трошоци, но на негов грб заработуваат трговците, вели тој. и.

„Дебелата казна ја плаќа купувачот на тој домат, што велите, а ќарот е тој што го откупува од производителот што му го носи на пазар, на другиот трговец, кај нив е таа заработка и затоа луѓето се откажуваат од земјоделие“, рече Синани. 

Голем дел од обработливите земјоделски површини во Полошко се пренаменуваат во градежни, па на нив наместо плодови, „никнуваат“ разни објекти. Нивите се расцепкани на мали парцели.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе