Вести Свет Топ вести

(Видео) Загинаа 26 пациенти, две медицински лица и посетител – биланс од пожарот во болницата во Пекинг

Бројот на загинати лица во големиот пожар во болница во Пекинг се искаќи на 29, соопштија властите на кинескиот главен град.

Меѓу жртвите се 26 пациенти, една медицинска сестра, еден медицински техничар и посетител, пренесува АП.

Властите наредија истрага за причините на еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните неколку години, наведува „Ројтерс“.

Пожарот во приватната болница Чангфенг изби во нејзиното источно крило. Спасувачките екипи евакуираа 71 лице, а многу луѓе скокаа од прозорците во обид да се се спасат од огнената стихија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај

Дејан Дејан

Шојгу бара повеќе оружје за војната во Украина

Дејан Дејан

ССМ со првомајски протест ќе го одбележи меѓународниот ден на трудот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе