Вести Македонија Најважни

Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај

Први мај, уште познат и како Меѓународниот ден на трудот е празник кој се одбележува ширум светот, во чест на борбата на работниците за добивање на основните работнички права.

Во многу земји, Денот на трудот е дури и национален празник, како што е кај нас, сепак оваа празнување најмногу го отпоздравуваат Синдикатите кои секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права.

Во 1886 година, пред 138 години, работниците во градот Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа  борба за воспоставување на осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен Први мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година, на овој датум  ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Ова им овозможува на организациите да спроведуваат кампањи кои се фокусирани на подобрување на животот на своите вработени, што претставува единствен начин истите да ги задржат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе