Вести Свет Топ вести

Сообраќајна несреќа во Бугарија – еден мигрант загина, 16 се повредени

Возило со мигранти од Авганистан се превртело на автопат во близина на Софија, при што загинал еден од мигрантите. Инцидентот се случил околу полноќ по локално време, јавија бугарските медиуми.

Полицијата по добиен сигнал се упатила во потера по возилото со странски регистерски таблички во кое биле мигрантите. Во обид да избегне проверка на полицијата, возачот на возилото загубил контрола и удрил во бетонска ограда.

Според бугарски медиуми, возачот е српски државјанин и е приведен. Шеснаесет мигранти се здобиле со повреди и се пренесени во локални болници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе