Вести Свет Топ вести

(Видео) Спасено новороденче од под урнатините во Сирија – папочната врвца се уште била врзана за неговата мајка, која починала

Во текот на вчерашниот ден светот го обиколи снимката од штотуку родено бебе спасено од под урнатините во земјата. Неодвоената папочната врвца со мајката, е доказот дека мајката за време на земјотресот го родила бебето. Тоа е во добра здравствена состојба, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свето го донела малото девојче.

Спасувачките тимови во Сирија, кои преземаат натчовечки напори на студеното време за да бараат жртви од разорниот земјотрес, апелираат за итно потребна тешка опрема за спасување животи. „Спасувачките тимови ги пробуваат сите можни средства за да ги извлечат жртвите од под урнатините… Работата продолжува, но ги повикуваме сите организации да ги забрзаат своите напори и да помогнат во спасувањето на луѓето кои се уште се заглавени под урнатини“, е пораката на спасувачите од Сирија...

Дваесет и седум спасувачки тимови се мобилизирани во потрага по преживеани по разорниот земјотрес во Турција, објави комесарот за кризни состојби на Европската унија, Јанез Ленарчич…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пламна куќа во близина на Универзална сала

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе