Родители на ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае ќе потпишат петиција до Министерство за труд и социјална политика (МТСП), со која бараат детето повеќе да не учи во училиштето, по инцидентот во понеделникот кога нападна ученици и наставничка.
Петицијата ќе биде доставена до секој родител поединечно во секое одделение за потпис по пролениот распуст.
Од училиштето велат дека по инцидентот, ученикот веќе не посетува настава, но и дека е хоспитализиран. Детето е згрижено во групен дом во Капиштец, а неговиот старател живее во Битола.
Од установата за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми кои се задолжени за него велат дека тие ги презеле сите мерки по настанот. Родителите велат дека ова не е првпат ученикот да ги вознемирува децата и да прави проблеми во училиштето.